Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина го обвинија Жозе Мурињо дека не им дава доволно шанса на младите фудбалери, но во Манчестер јунајтед сега работите се сменија.
Под водство на Мурињо добија шанса Маркус Рашфорд, Џеси Лингард и Мектоминеј, а „црвените ѓаволи“ и понатаму размислуваат на иднината.
Англичаните пишуваат дека Јунајтед ќе го купи 16-годишниот Ноам Емеран за 12 милиони евра.
Иако фудбалерот на Амиен уште нема дебитирано за првиот тим, сепак игра на позицијата лево крило и многумина го споредуваат со Лирој Сане од Манчестер сити.
Во претходниот период го поврзуваа и со ПСЖ, Јувентус и Валенсија, но очигледно Емеран сака да игра токму во Јунајтед.