Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо тврди дека никој од неговите играчи не сака да си замине од клубот во зимскиот трансфер период.
Португалецот направи дури 46 измени во стартната постава во првите 15 кола од Премиер лигата и никако не го има пронајдено стабилниот почетен состав.
На седум играчи им истекуваат договорите во следните месеци, а кружат гласини дека Пол Погба и Санчез сакаат да го напуштат клубот.
„ Не“ – кратко одговори Мурињо на прашањето дали некој сака да го напушти Јунајтед.
„Црвените Ѓаволи“ моментално се на осмото место на табелата со дури 18 поени разлика со водечкиот тим, Манчестер Сити.