Скаут на Арсенал откри многу ѕвезди, но ниту една од нив не се преселила на „Емирати“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скаутот на Арсенал, Свен Мислинтат се најде во центар на внимание по едно интервју кое го даде за англиските медиуми.

Свен повеќе од десет години работи како фудбалски скаут, а во Арсенал стигна од Борусија Дортмунд. Тој во својата кариера имаше одлични потези при ангажирање на млади фудбалери, а сигурно најдобри трансфери му се Осман Дембеле и Кагава.

„Се сеќавам дека го гледав Дембеле додека играше за Рен. Ме воодушеви веднаш. Имаше ситуации во кои не знаев со која нога ќе шутира. Почуствував дека е посебен фудбалер и го донесов во Дортмунд“, кажа Свен.

Свен веќе неколку години работи како шеф на скаут службата во Арсенал, но не успеа да се прослави. Тој откри дека следел голем број фудбалери, но на крајот не успеал да ги ангажира.

„Па, овде не одат работите како во Дортмунд. Следев многу фудбалери, кои по една или две години станаа ѕвезди, но не успеав да ги донесам во Арсенал. Нема да ги откријам нивните имиња, зашто навивачите може да се налутат“, порача Свен.