Мурињо притиска за Кулибали, во јануари и официјално ќе биде испратена понуда до Наполи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед наводно се согласил да плати над 90 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на Калиду Кулибали од редовите на Наполи.

Жозе Мурињо очајно бара нов стабилен стопер по катастрофалните партии изминатиов период на сите централни дефанзивци на клубот.

Наводно, високи функционери на Манчестер Јунајтед се состанале со челниците на Наполи за да ја разгледаат можноста за трансфер на полусезоната.

Де Лаурентис дал јасно светло дека планира да го зачува Кулибали во своите редови, но на ситуацијата сигурно ќе влијае и исходот во Групата Ц од Лигата на шампионите во кој ќе се води тешка битка до последното коло кој ќе биде патник во следната фаза од натпреварувањето.

Токму затоа, Мурињо ќе биде голем навивач на Ливерпул во вторник и ќе посакува англискиот тим да ја добие оваа средба за да ги оддалечи Италијанците од нокаут фазата.

27 годишниот Кулибали има договор со Наполи до 2023 година и е посочен како еден од најдобрите централни дефанзивци во светот.