Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во спортот треба да се слуша срцето, но не по секоја цена. Пред секој чекор треба да се размисли, како да не се направи истиот во погрешен момент. За тоа е свесен и Еден Азар, кој никогаш не криеше дека сака да замине во Мадрид, но се уште не е сигурен дали е ова вистински момент за тоа.
Со пристигнувањето на Маурисио Сари, фантастичниот Белгиец повторно изби во прв план како еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
„Маурисио Сари за фудбалот размислува баш како и јас, така што ќе видиме. Моето семејство е во Лондон, имам 28 години, не сакам да направам нешто поради што ќе зажалам на крајот од кариерата. Тоа е одлука која треба да се донесе дома, но не знам кога. Отсекогаш сум го сакал Реал Мадрид, дури и пред Зидан, па ќе видиме што ќе се случи. Како што кажав, веќе ја завршив годината со Челси, а со договор сум врзан уште година и половина“, истакна Азар.
Фантастичниот белгиски фудбалер оваа сезона одигра 18 натпревари за „Плавите“ во сите натпреварувања, во кои постигна осум погодоци и оствари осум асистенции.