Официјално: Манчестер Сити донесе нов голман


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Од редовите на американскиот тим Колумбус Кру денеска објавија дека нивниот голман Зак Стефен следното лето ќе се приклучи на Манчестер Сити.

Голманот кој има шест настапи за репрезентацијата на САД потпишал четиригодишен договор со шампионот во Премиер лигата и ќе се пресели на „Етихад“ на 9 јули следното лето.

Трансфер цената се уште не е позната, но од Колумбус објавија дека тоа е најголемата која ја примиле во својата историја.

Стефен има 71 настап за тимот на Колумбус Кру по неговиот трансфер од германскиот Фрајбург во 2016 година.

„Денешната објава во врска со следното лето е специјален момент за мене и сакам да го завршам моето време со овој клуб на силен начин. Јас сум желен да продолжам да напредувам и да бидам најдобриот соиграч кој може да биде“- коментираше Стефен.