Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона и ПСЖ договораат спектакуларна размена во која ќе бидат главни актери Осман Дембеле и Нејмар, кои би требало да ги сменат клубовите.
Бразилецот сака да се врати на „Камп ноу“, но Барселона ќе мора да доплати дополнителни 50-60 милиони евра, освен тоа што ќе го прати Дембеле во Париз.
Наводно, ПСЖ е подготвен да прифати ваква размена, но очекува епилог и од новата истрага на финансискиот фер-плеј, па веќе се шпекулира и за нивни нови засилувања.
Исто така, се споменува дека Барселона може да го ангажира Адриен Рабио, а во спротивна насока да замине Иван Ракитиќ.
Инаку, шпанските медиуми претходно соопштија дека Ракитиќ ја продава куќата во Каталонија, а тоа очигледно значи дека Хрватот дефинитивно заминува од Барселона.