Фулам во јануари носи играч на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најугледните спортски медиуми во Англија, „Скај Спортс“ пренесува дека од редовите на Фулам во јануарскиот преоден рок ќе тргнат по услугите на стоперот на Челси, Гери Кејхил.

Тимот предводен од Клаудио Раниери е закован на дното во Премиер лигата и во јануари ќе се обиде да донесе неколку играчи во дефанзивата затоа што последната линија пред голманот е најслабата алка во тимот.

Наводно прв избор за Фулам е искусниот Кејхил кој воопшто не е во плановите на Маурисио Сари оваа сезона. Англичанецот е трансфер цел и на Манчестер Јунајтед и Милан.