Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Играчот за врска на францускиот првак ПСЖ, Адриен Рабиот ги договори сите услови околу трансфер во Барселона.
Како што тврди Ле Парисиен, Барсеолна го договорила трансферот на 23 годишниот играч за врска но не прецизирале дали Рабиот ќе го засили тимот во јануари или на крајот на сезоната.
Договорот на Рабиот со ПСЖ му истекува на крајот на сезоната.
Тој не е баш во добри односи со клубот, а неодамна тренерот Томас изјави дека не смета многу на него, па е можно овој фудбалер да замине уште во јануари.
Интересот на Барселона за Рабиот се шпекулираше од страна на медиумите со месеци. Каталонците се обидоа да го донесат во текот на летото, но не можеа да се договорат со ПСЖ.
Меѓутоа младиот играч за врска по секоја цена сакаше да си оди од Париз. Одби да ја продолжи соработката и како што стојат работите многу брзо ќе го видиме во дресот на каталонскиот великан.
Рабиот ги помина сите младински категории на францускиот тим, а за првиот тим одигра 219 натпревари и постигна 24 гола.