Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ули Хенес повторно е избран за претседател на Баерн Минхен.
Тој на претседателската функција во баварскиот клуб ќе остане до 2022 година, а со новиот избор ќе има и нови улоги врзани за трансфер политиката на клубот.
Како што пишува Билд, претседателот на Баерн целосно ќе ги контролира траnсферите. Спортскиот директот Хасан Салихамиџиќ ќе договара трансфери во име на клубот, но главниот збор ќе го има Хенес кога е во прашање конечен договор.
Така, претседателот на Баерн ќе има право на вето на секој трансфер кој ја преминува цифрата од 25 милиони евра.Хенес ќе може да го спречи секој трансфер кој нема да му се допадне и тој ќе биде оној кој носи конечна одлука за купување на фудбалери.
Порано првиот човек на баварскиот великан често истакнуваше дека не сака да се натплатуваат фудбалерите.
Меѓутоа реконструкцијата на тимот започнува следното лето па Хенес во некои ситуации веројатно ќе мора и да попушти.
Сепак, тешко е да се очекува дека Баерн ќе направи трансфери како оние на ПСЖ или на Манчестер Сити, но трошење на пари сигурно ќе има.
Сите одлуки на крај ќе ги носи Хенес, па ќе биде навистина интересно да видиме како ќе изгледа баварскиот клуб следната сезона.