Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Покрај големите проблеми со повредите во задната линија, во Барселона интензивно бараат решение на пазарот.
Од претходно е познато дека поради повредите на Умтити и Вермален, Барселона го контактирала Челси, но добиле негативен одговор во Лондон.
Така пресекоа и се насочија кон сигурната варијанта, од јануари Ернесто Валверде ќе го има на располагање колумбискиот репрезентативец, Џејсон Мурилјо.
Некогашниот стопер на Интер на „Камп Ноу“ пристигнува од Валенсија, во прашање е позајмица до крајот на сезоната.
Мурилјо веќе ги напушти редовите на „Лилјаците“, го немаше на денешниот тренинг и веќе утре би требало да ги изврши лекарските прегледи.
Јасно, ова е само привремено решение, Валенсија не се бунеше многу, имаат добри односи со каталонскиот клуб, а Мурилјо оваа сезона не е во плановите на клубот.
Барселона повторно ќе се најде во проблем кога Колумбиецот ќе му истече позајмицата, па еден од приоритетите на управата и следното лето ќе биде ангажирање на стопер.
Првата желба е Матис Де Лихт од Ајакс, но Холанѓанецот е баран и од Баерн и Јувентус, па останува да видиме како работите ќе се одвиваат.