Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус реши да потпише нов договор со бразилскиот фудбалер Алекс Сандро, кој во последно време постојано привлекуваше интерес од многу европски гигнати.
Левиот бек на „Старата дама“ денеска потпиша нов договор со кој во Торино ќе остане до 2023 година, па така се прекинати сите шпекулации.
Сандро со Јувентус освои многу титули, односно три во лигата на Италија и три во Купот, а вкупно одигра 134 натпревари за италијанскиот шампион.
Одличниот Бразилец постигна девет голови, но неговиот придонес во одбраната е огромен.
OFFICIAL | Alex Sandro stays Bianconero until 2023! ✍️⚪️⚫️
➡️ https://t.co/0fr0lUKQqD #ForzaJuve pic.twitter.com/tSO0IklK0N
— JuventusFC (@juventusfcen) December 20, 2018