Сензационални резултати во Премиер Лигата: Сити со прв пораз на „Етихад“, Челси на колена пред Лестер

Со почеток од 16 часот беа одиграни повеќето натпревари од 18. коло од англиската Премиер лига.

Натпреварите донесоа многу возбудувања и неколку неочекувани резултати. Од шест мечеви дури на четири гостите славеа победа, на еден натпревар домаќинот победи, а еден заврши без победник.

Две големи изненадувања во ова коло се поразите на Манчестер Сити и Челси кои беа огромни фаворити. „Граѓаните“ со 3:2 загубија на својот стадион и со овој пораз сега заостануваат четири поени зад лидерот Ливерпул.

Челси пак одигра блед натпревар против некогашниот шампион Лестер и сосема заслужено претрпе пораз од  0:1.

Манчестер Сити- Кристал Палас 2:3

Челси- Лестер 0:1

Борнмут- Брајтон 2:0

Хадерсфилд- Саутемптон 1:3

Вест Хем- Вотфрод 0:2

Њукасл- Фулам 0:0