Момчето кое со 13 години играше во у20 тимот на Селтик потпиша професионален договор со Шкотите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Шкотска, Селтик, потпиша тригодишен договор со малиот 15 годишен фудбалер Карамоко Дембеле.

Карамоко Дембеле стана познат на јавноста кога со само 13 години дебитираше за у20 тимот на Селтик. За екстра талентираниот фудбалер постоеше интерес од редовите на Челси, но тој сега го потпиша првиот професионален договор со Селтик и ќе остане во овој тим најмалку до 2021 година.

Тренерот на шкотскиот шампион, Брендан Роџерс изјави дека во многу скоро време Карамоко Дембеле ќе добие шанса во првиот тим, а самиот играч истакна дека неговата цел е токму таа.

„Мојата цел е да играм во првиот тим. Колку што можам ќе се трудам за да влезам во првиот тим. Во резервите, секој тренинг, секој натпревар, на се ќе докажам дека можам да играм во првиот тим“-храбро изјави 15 годишниот Карамоко Дембеле.