„Goal.com“ го избра тимот на полусезоната во шпанската Ла Лига


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Порталот специјализиран за фудбалски новости „Goal.com“ на својата страна го објави тимот на полусезоната во шпанската Ла Лига.

Медиумот состави тим од 11 фудбалери кои оставија најголем впечаток во првиот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Иако во ваквите тимови во минатото доминирале играчи на Барселона и Реал Мадрид, сега не е така, па „Кралевите“ имаат само еден играч во потесниот избор.

На голманската позиција е Јан Облак, одбраната ја сочинуваат Дани Карвахал,Жерар Пике, Марк Бартра и Жорди Алба.

Средниот ред го предводат Ло Целсо од Реал Бетис и Родриго од Атлетико Мадрид, а пред нив се наоѓаат Сарабиа, Аспас и Меси. Како најистурен во изборот на „Goal“ се најде Кристијан Стуани од Жирона.