Тешки моменти за Лукаку: Белгиецот од лични причини ниту денес не е во составот на Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунајтед во минатото коло го декласираше на гости Кардиф до 5-1, а денешниот меч e деби на Олд Трафорд за Солскер како тренер на Црвените Ѓаволи.

Норвежанецот и денес не можеше да смета на Лукаку кој веќе некое време е надвор од комбинации.

Тој ни минатото коло, а ниту денес не е во составот. Клубот соопшти дека од лични причини не може да игра, односно дека е во прашање смртен случај во неговата фамилија.

Тој утре треба да се врати во Манчесер и ќе биде во конкуренција за наредниот викенд против Хадерсфилд.