Гатузо во „аут“: Милан најде нов тренер, но веднаш доби „корпа“!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сопствениците на Милан не се задоволни од Џенаро Гатузо, кој разочара со резултатите во последниот период, па се шпекулира дека ќе си замине од клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека управата на „росонерите“ му ја понудиле тренерската позиција на техничкиот директор Леонардо, но Бразилецот ја одбил понудата.

Леонардо не сака да се врати на тренерската позиција, па тоа значи дека Гатузо ќе има последна шанса да се спаси и тоа против СПАЛ.

Доколку „росонерите“ го победат СПАЛ, тогаш Гатузо ќе остане во клубот, но доколку не успее, тогаш Италијанецот ќе добие отказ.