Легенда на Арсенал критикува: Озил е како дух, ја изгуби страста на теренот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендата на Арсенал, Емануел Пети го критикуваше Месут Озил по ремито со Брајтон (1-1) во рамки на 19. коло во Премиерлигата, но и целата игра на „топчиите“.

„Многу го почитувам Озил, но тој е како дух во последните две години. Каде е Озил, кој беше еден од најдобрите во светот? Тој кој постигнуваше многу голови. Верувам дека ја загуби страста на теренот“, вели Пети.

По еден месеци пауза, 30-годишниот фудбалер се врати на теренот во поразот од Саутемптон (2-3). Шест дена подоцна тренерот Унај Емери повторно му даде шанса во стартниот состав против Барнли.

„Премногу се слаби во одбрана. Прават големи грешки. Некогаш немате избор, освен да се смеете“, објаснува Пети за играта на Арсенал.