Урнебесна реакција на Раниери: Сакав да го убијам… (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фулам го победи Хадерсфилд со голот на Александар Митровиќ во надополнувањето, но дуелот го одбележа и караницата меѓу Абубакар Камара и српскиот голгетер.

За тој момент зборуваше и тренерот Клаудио Раниери по натпреварот. Двајцата фудбалери се скараа во 82. минута кога Камара му ја зема топката на Митровиќ за да изведе пенал и промаши.

„Му кажав да ја остави топката на Митровиќ, зашто тој е фудбалер кој мора да шутира пенал. Тоа е неверојатно што го направи. Покажа непочит кон мене и кон клубот.. Разговарав со него, тоа не е добро. Сакав да го убијам. Тоа е нормална реакција, зашто не е нормално да му се земе топката на друг фудбалер“, вели Раниери.