Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неверојатен меч одиграа екипите на Борнмут и Вотфорд кој на крајот заврши без победник, 3:3.
Интересно е тоа што сите шест погодоци беа постигнати во првото полувреме од средбата, а четири од нив беа дадени за само шест минути.
Гостите од Вотфорд поведоа со 2:0 со головите на Трој Дини во 14. и 27. минута, а потоа следуваше вистински спектакл за гледачите.
Прво домаќините стигнаа до израмнување со головите на Аке и Вилсон во 34. и 37. минута, а потоа Вотфорд го врати водството во 39. минута преку Сема. Веќе во следниот напад Фрејзер го израмни резултатот на 3:3, резултат кој стоеше на сила до крајот на средбата.
Екипата на Челси одигра уште еден разочарувачки натпревар и на „Стемфорд Бриџ“ не успеа да слави против тимот на Саутемптон. На крајот на семафорот резултатот беше 0:0, а „сините“ од Лондон со ова реми дополнително си ја отежнаа работата во битката за титулата.
Кристал Палас со 2:0 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, додека Вест Хем и Брајтон во одличен натпревар ги поделија бодовите играјќи 2:2.