Меч на сезоната во Премиер лигата: Манчестер Сити или Ливерпул!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул вечерва на Етихад ќе одиграат средба од 21. коло од Премиер лигата.

После 20 одиграни кола Ливерпул е лидер со дури 54 освоени бодови, додека Сити е моментално третопласиран со седум бодови помалку. Во случај на пораз можеме да кажеме дека Граѓаните на некој начин ќе бидат отпишани кога е во прашање борбата за титулата.

Токму поради тоа тимот на Гвардиола на секаков начин ќе проба да дојде до трите бодови, додека Редси секако ќе пробат да ги искористат своите шанси и да отидат на веројатно недостижни +10.

Оваа средба привлекува огромно внимание и кај љубителите на кладењето кои тешко можат да го предвидат исходот со обзир дека се е можно.

Кладилницата Моцард спреми квоти за оваа средба, а по нив може да се види дека Сити е благ вафорит. Коефициентот за победа на Граѓаните е 2.20, додека на Ливерпул 3.25. Многумина во овој случај им е занимлива квотата 1.6 на типот „двајцата даваат гол“.

Останува да го почекаме стартот на натпреварот од 21.00 часот и да ужуваме во дербито.