Калчомеркато тврди: Челси испрати понуда вредна 40 милиони евра за фантастичниот Мексиканец!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мексиканецот, Ирвинг Лозано беше голем хит по минатогодишното Светско првенство, но на крајот остана во ПСВ.

Фантастичното крило за холандскиот шампион изминатата сезона постигна 19 погодоци покрај 11 асистенции, а оваа Лозано во 27 настапи запиша веќе 15 погодоци и осум асистенции. Зинтересирани се бројни европски клубови, но првиот кој испрати понуда е Челси, пишува Калчомеркато.

ПСВ во некој друг случај би можел да добие многу повеќе пари за Мексиканецот, но во неговиот договор клаузулата од 40 милиони евра која Челси е подготвен да ја активира. Лозано во Челси го гледаат како потенцијална замена за Еден Азар кој на лети веројатно ќе го напушти клубот.

Лозано може еднакво добро да игра на десно и лево крило па сигурно ќе има место во првиот тим, ако Челси се реши од Педро и Вилиан чие заминување исто така е актуелно.