Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никола Карабатиќ е жив симбол на репрезентацијата на Франција која со децении наназад претставува една од најсилните селекеции во Европа и светот.
СП во ракомет стартува в четврток на 10. јануари и тешко е да се поверува дека оваа година на големото натпреварување нема да го гледаме Никола Карабатиќ, повеќекратниот најдобар играч на тој турнир.
Причината поради која Карабатиќ ќе го пропушти СП лежи во операцијата на левото стапало која ја имаше изминатата година, а во октомври соопшти лоши вести со порака дека ќе отсуствува отприлика четири месеци.
„Болката беше пресилна. Тешко е и разочаравувачки… Се обидував да стиснам заби, но не беше доволно. Можев да ја направам посериозна пповредата и можеби да ја завршам кариерата пред време. Тажен сум бидејќи го пропуштам Светското првенство, прво во својата кариера, но други опции немав“, истакна 34-годишниот лев бек на ПСЖ.
Откако заигра за репрезентацијата на Франција во 2003. година, Карабатиќ настапуваше на сите европски и светски првенства, како и на Олимиските игри.