Тотнем повторно го одложи отворањето на новиот стадион!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотнем цела сезона 2018/19 требаше да ја игра на новиот „Вајт Харт Лејн“, но и понатаму своите домашни натпревари ги организира на „Вембли“.

Неколку пати лондонскиот клуб го одложуваше отворањето на новиот стадион, а навивачите се надеваат дека првиот меч на новиот, супер-модерен стадион ќе ја гледаат на крајот на јануари.

Сепак, Тотнем денеска преку официјално соопштение откри дека стадионот нема да биде подготвен до март, што значи дека уште четири домашни меча ќе се играат на „Вембли“.

„Им должиме големо извинување на навивачите што доцни отворањето на новиот стадион. Наскоро влегуваме во завршната фаза на стадионот, па треба да се направат уште неколку корекции“, кажа првиот човек на Тотнем, Даниел Леви.

Сега е предвидено првиот меч да се одигра против Кристал Палас на 16 март.