Абидал по серија судири во Барса: Проблемите се решени во соблекувалната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, зборуваше за Диаро Спорт за проблемите со кои се соочува во последно време.

Абидал имаше расправија со првата sвезда на Барселона, Лео Меси, кој го обвини бидејќи Французинот рече дека играчите се виновни што го оставиле поранешниот тренер Ернесто Валверде да го напушти клубот.

Аргентинецот го советуваше Абидал да ги именува играчите кои наводно учествувале во отказот на Валверде или да престане да ги обвинува. Тој исто така му рече дека тој самиот мора да прифати одговорност.

Ситуацијата во клубот сè уште не е целосно смирена, а Абидал вели дека научил една важна работа од сите нешта – работите мора да се решат во соблекувалната, а не преку медиумите.

„Научив една важна работа – проблемите во тимот да се решат во соблекувалната, а не во медиумите“, рече Французинот.

За самиот отказ на Валверде:

“Имаше проблем во комуникацијата во клубот. Односот помеѓу тренерот и тимот беше секогаш добар, но имаше некои работи што јас, како поранешен фудбалер, можев да ги чувствувам. Му кажав на клубот што мислам за тоа и ја донесовме одлуката да го разрешиме Валверде”.