Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси славеше со убедливи 4-0 на домашен терен против Кристал Палас. „Сините“ го растурија гостинот во второто полувреме од средбата, кога по еден гол постигнаа Зума и Чилвел, а два гола даде Жоржињо од пенал.
Во финишот од второто полувреме во центар на внимание беа Жоржињо и Тами Абрахам. Младиот напаѓач сакаше да го шутира вториот пенал, но поискусниот колега не му дозволи, а потоа и капитенот Цезар Аспиликуета го искара.
Аспиликуета му ја зема потоа топката и му ја даде на Жоржињо, кој стрелаше 4-0.