Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот милијардер Роман Абрамович реши да го продаде премиерлигашот Челси по брза постапка, а очекува да заработи околу три милијарди фунти.
Во лондонскиот клуб сметаат дека најдобро е Челси да се продаде на некој од американските тајкуни, а интерес покажа и швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис.
Една американска банка била заинтересирана за клубот и испратила понуда, меѓутоа Абрамович ја одбил сумата од 2,2 милијарди фунти.
Швајцарецот призна дека добил понуда да ги купи „сините“, а освен него европскиот и светски шампион бил понуден на уште неколку милијардери.
Абрамович пристигна во Челси во 2003 година, па го направи премиерлигашот еден од најголемите клубови во Европа.