Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот милијардер и газда на Челси, Роман Абрамович се наоѓа во лоша здравствена состојба откако наводно бил затруен за време на мировните преговори со украинските претставници.
„Волстрит Журнал“ објави дека три лица од руската делегација имале исти симптоми по состанокот со Украинците, а им се појавиле зацрвенети очи, како и лупење на кожата на рацете и лицето.
Откако ќе се рехабилитира, Абрамович ќе продолжи со преговорите со украинската страна за постигнување на мир и прекин на огнот во Украина.
Абрамович претходно соопшти дека ќе го продаде Челси и ќе ги донира парите во хуманитарни цели во Украина, која е разрушена по руските напади.