Абрамович има 30 години помлада девојка: Газдата на Челси ја „лекува“ тагата со дама од Украина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот милијардер Роман Абрамович тешко излегува на крај со негативниот публицитет кој секој ден му го создаваат британските медиуми, а сега се појави и приказна дека има нова девојка, која е три децении помлада од него.

Газдата на Челси е под санкции на Велика Британија, а неговиот фудбалски клуб минува низ најтешките моменти од своето постоење.

Рускиот олигарх досега беше венчан три пати, и тоа со Олга Лисова, Ирина Маладино и Дарија Жукова, при што доби седум деца.

Пред пет години се разведе од Дарија, а од тогаш богатиот Русин е сам, сè до пред неколку дена кога „Сан“ објави приказна дека се забавува со Александра Корендјук од Украина.