Абрамович ќе помага во преговорите меѓу Русија и Украина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Руско-израелскиот милијардер Роман Абрамович престојува во Белорусија по молба од Киев, за да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина за завршување на војната која трае веќе четири дена.

Абрамович, кој е газда на лондонски Челси, доби молба од Украинците за да помогне и веднаш замина за Белорусија, каде што учествуваше во дискусиите.

Делегациите на Русија и Украина вчера пристигнаа во Белорусија и почнаа со преговорите, но засега не се на добар пат да најдат решение.

Абрамович има блиски врски со израелските заедници во Украина и Русија, а газдата на Челси во Лондон беше под напад од властите во Велика Британија, кои го протераа затоа што бил пријател со Владимир Путин.