Абрамович лично контактираше со голема ѕвезда од Бундеслигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопственикот на Челси, Роман Абрамович наводно лично го контактирал Каи Хаверц, за да успее да го убеди да се пресели во неговиот тим.

Интересот на Челси за ѕвездата на Бундеслигата е очигледен, но лондонскиот клуб има жестока конкуренција и тоа од Баерн Минхен.

„Сините“ сакаат да ги договорат што е можно побрзо засилувањата за следната сезона, а веќе беше договорен Хаким Зијех од Ајакс за 40 милиони евра, додека пред потпис се и со Тимо Вернер.

Според германските медиуми, Абрамович сака да го види Хаверц во неговиот тим, но за него ќе мора да плати дури 100 милиони евра, пари кои треба да ги добие од Н’Голо Канте и Жоржињо.