Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот милијардер Роман Абрамович реши да го продаде Челси бидејќи беше протеран од страна на Велика Британија поради тоа што бил близок соработник со рускиот претседател Владимир Путин.
Абрамович ќе го продаде европскиот и светски шампион за три милијарди фунти, а засега неколку личности се јавија за да го купат англискиот гигант.
Прв кој јавно порача дека сака да го купи тимот е контроверзниот Конот Мекгрегор, кој во кариерата заработи многу пари, но и со неговите бизниси со алкохол.
Меѓутоа, Мекгрегор не може да се спротистави на некои бизнисмени, како што е Џим Ретклиф од Велика Британија, чие богатство се проценува на околу шест милијарди фунти.
Уште еден милијардер кој сака да го купи Челси е Швајцарецот Хансјорг Вис, додека трет во оваа конкуренција на бизнисмени е Стивен Рос, 81-годишен Американец чие богатство го изгради со продажба на недвижнини.