Абрамович прв ја „плати цената“ по рускиот напад врз Украина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот бизнисмен Роман Абрамович доби забрана за влез во Велика Британија. Тој во претходните години беше на Суд затоа што не смееше да влезе на територијата на која се наоѓа неговиот тим Челси.

Пред една година беше решено дека Абрамович доби виза, но ситуацијата се искомплицира дополнително по рускиот напад врз Украина.

„Дејли Мејл“ објави дека Велика Британија повторно забрани влез на Абрамович во државата, поради тоа што тој соработувал со претседателот Владимир Путин.

Русија утрово ја нападна Украина и неговите соработници добиваат жестоки критики поради тоа, а дел од земјите се обидуваат да донесат одредени санкции.

Еден од „жртвите“ е Абрамович, кој доби забрана за влез во државата, каде што живееше неколку години.