Ацо Јоноски сакал да се тепа со навивачите по поразот од Холандија!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските ракометари разочараа и против Холандија (24-34), а дел од навивачите се пожалија дека по натпреварот се случил скандал.

Македонски навивачи објавија дека помошникот на Кире Лазаров, Ацо Јоноски сакал да се тепа со дел од фановите на трибините.

Еден од навивачите објави дека Јоноски сакал да се тепа поради упатените свирежи поради лошите резултати.

„Веројатно патот од 1.500 километри и патување од 16 часа, спиење неколку сати и безпоштедно навивање по локали, фанзони и на натпревари беа малку па на крај на упатените свирежи да добиеме возвратен одговор од Ацо Јоновски и повик за пресметка со навивачите. Ацо,пријателе, не е лесно да си на ‘другата страна’. Ако не го поднесваш притисокот ауфидерзен бате. Никој не е вечен на позицијата, само навивачите ќе останат до крај без оглед на се“, пишува навивачот.