Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот европски шампион Челси продолжи со лошите резултати и загуби на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 0-2 во првиот осминафинален натпревар.
Карим Адејеми истрча повеќе од 70 метри, по што го издрибла Енцо Фернандез, а потоа и Кепа Аризбалага за да погоди за 1-0.
Челси имаше одлични шанси, а Жоао Феликс погоди двапати во рамката од голот, по што Борусија се спасуваше и од гол-линија.
𝐆𝐎𝐀𝐋 | 𝖣𝗈𝗋𝗍𝗆𝗎𝗇𝖽 1-0 𝖢𝗁𝖾𝗅𝗌𝖾𝖺 (𝖠𝖽𝖾𝗒𝖾𝗆𝗂) pic.twitter.com/gfZ36HOLT5
— EuroFoot (@eurofootcom) February 15, 2023
Бенфика одигра добро на гостувањето кај Клуб Бриж и славеше со 2-0, па така направи чекор кон четвртфинале.