Адеми: Горд сум на големиот успех на Македонија!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја пропушти завршницата од мундијалските квалификации, но и покрај тоа Македонија обезбеди бараж за Светското првенство во Катар.

Македонија за првпат во историјата ќе игра бараж за Мундијалот во Катар, а ни остануваат уште две пречки за да обезбедиме пласман на натпреварувањето.

„Навивав од дома за Македонија и бев пресреќен и горд што остваривме таков успех“, кажа Адеми.

Фудбалската репрезентација на Македонија има многу квалитетни фудбалери, а за тоа зборуваше и Адеми.

„Имаме квалитетни фудбалери кои играат во силни екипи ширум Европа. Исто така, ќе биде тешко во следните натпревари, но се надева дека ќе бидам здрав за да играм“, вели фудбалерот на Динамо Загреб.

ФОТО: ФФМ