Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди во вчерашниот натпревар во Лигата на Европа помеѓу Динамо Загреб и ЦСКА, па го очекува повторно нова пауза, но засега не е познато колку време ќе биде надвор од фудбалските терени.
Адеми во 34. минута застана и се фати за задната ложа и побара измена. Тренерот на хрватскиот тим секако веднаш реагираше и на местото на Адеми во игра влезе Бартол Фрањик.
Во последно време Адеми има проблеми со повредите, во претходниот месец се мачеше со бутниот мускул. Собра сили и играше за Македонија во финалето за пласман на ЕП против Грузија, меѓутоа потоа ја обнови повредата.
Засега не се знае од каков карактер е оваа повреда, меѓутоа за репрезентацијата на Македонија е добро што следниот натпревар е дури во март.