Адеми избран за најдобар фудбалер за 2020 во Хрватска!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер кој го носи дресот на Динамо Загреб, Аријан Адеми игра во одлична форма за неговата екипа и нашата репрезентација, па заслужено доби награда во Хрватска.

Капитените на хрватските екипи го избраа Адеми за најдобар фудбалер во 2020 година. Адеми доби 66 бодови на анкетата, односно 22 повеќе од Чакташ.

Зад себе Адеми имаше одлична година. Со екипата на Динамо успеа да се пласира во нокаут фазата во Лигата на Европа, а Динамо во групната фаза прими само еден гол. Секако Адеми како капитен на тимот има огромни заслуги.

Мора да спомене и дека Адеми беше успешен и на репрезентативен план обезбедувајќи пласман на Европското првенство со Македонија.