Адеми ќе ги пропушти квалификациите на Македонија пред крајот на годината?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Динамо Загреб ја победи Омонија со 2-0 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), но триумфот падна во сенка на повредата на македонскиот фудбалер Аријан Адеми.

Адеми се повреди во финишот од првото полувреме и сега го очекуваат дополнителни медицински прегледи, кои ќе покажат колку време ќе паузира македонскиот репрезентативец.

Хрватските медиуми имаат лоша прогноза за Адеми, кој би можел да паузира до три месеци, а тоа значи дека ќе мора да ги пропушти натпреварите од квалификациите за Светското првенство (СП) на Македонија.