Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот шампион Динамо Загреб ќе се соочи против Севиља во Лигата на Европа, но нема да може да смета на услугите на македонскиот репрезентативец и капитен на екипата, Аријан Адеми.
Адеми се повреди и ќе го пропушти важниот меч на Динамо, а засега не е познато колку ќе паузира Македонецот, па повеќе информации се очекуваат на крајот на неделава.
Македонскиот фудбалер се повреди во мечот против Локомотива Загреб, иако во игра влезе во вториот дел, но мораше да биде заменет по 12 минути поминати на теренот.
Засега не е познато дали Адеми ќе биде подготвен и за историскиот меч на Македонија во мундијалскиот бараж против Италија на 24 март.