Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот гигант Динамо Загреб вчера можеше да слави убедливо против Валур во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампиони, но сепак победи со 3-2.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола, по што пропушти можност за хет-трик со промашен пенал, а Валур тоа го искористи и во завршницата намали на 2-3.
„Одигравме одлично до завршницата, по што промашивме пенал. Односно, јас промашив и затоа ја преземам одговорноста. Жал ми е, јас сум виновен. Требаше да победиме со 4-0, но наместо тоа, ние ги вративме во игра. Се надевам дека во реваншот ќе играме како во првите 80 минути од овој меч“, вели Адеми.