Адеми предупреди: Шкупи е добар тим, кој игра брз фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб утре ќе го пречека македонскиот првак Шкупи во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Хрватскиот шампион е голем фаворит во мечот, но Шкупи нема лесно да се откаже и се надева на изненадување, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми предупреди пред средбата.

„Шкупи е добар тим. Не ги познавам сите фудбалери, но тие играат брз фудбал и имаат квалитет. Голманот им е одличен и тој ми е колега во репрезентацијата. Мора да бидеме внимателни“, кажа Адеми.

Шкупи во следното квалификациско коло од ЛШ ќе заигра против Лудогорец или Шамрок ровер, ако успее да го елиминира Динамо Загреб.