Адеми се сели во Унгарија во поранешниот клуб на Спировски!?


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми најверојатно ќе го напушти Динамо Загреб во текот на летниот преоден рок и потоа ќе се пресели во поранешниот тим на Стефан Спировски, односно во Ференцварош.

За македонскиот фудбалер постои голем интерес од неколку екипи, но Ференцварош е најсериозен меѓу кандидатите за неговот потпис.

Засега ова е само шпекулација и нема потврда дали навистина Ференцварош ќе тргне по потписот на македонскиот фудбалер, но ако се случи тоа, сигурно ќе биде големо изненадување.

Дресот на унгарската екипа во минатото го носеше Спировски, кој пред еден месец се пресели во АЕК Ларнака.