Адеми се врати во Динамо и ја доби капитенската лента!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб по шест месеци поминати во Кина.

Дресот со број пет беше повлечен од употреба по заминувањето на Адеми, меѓутоа работите се променија по неговото враќање.

„Бруно ми кажа дека имаме само еден капитен. Петковиќ, Ристовски и Мишиќ за мене се како продолжена рака, како и Дино Периќ. Меѓутоа, кога е на теренот, Адеми ќе биде капитен“, објасни тренерот Сергеј Јакировиќ.

Адеми по шест месеци ја напушти Кина, односно Пекинг Гуан и потпиша тригодишен договор со хрватскиот шампион.