Адеми со прекрасен гол го најави триумфот на Динамо Загреб (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Динамо Загреб славеше со 2-1 против Локомотива Загреб за деветта победа во хрватската Прва лига, а еден од головите постигна македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Адеми постигна гол по шест минути од 15 метри и ја најави победата на Динамо, иако Локомотива преку Куленовиќ израмни на 1-1.

Триумфот на Динамо го потврди Петковиќ, па така шампионот има 28 бода, односно 11 повеќе од второпласираниот Хајдук Сплит и третопласираниот Славен белупо.