Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми настапи против Грузија и докажа дека е вистински херој и борец на теренот за Македонија.
Адеми пред да се врати во Македонија заработи повреда на тренингот на Динамо Загреб, па и покрај сите болки реши да заигра од првата минута, по што во 67. минута беше заменет од Стефан Спировски.
„Не заиграв против Истра, а потоа пола Македонија ми се јави да праша што ми се случило. Имав проблеми, но против Грузија и да имав 1% шанса, сепак ќе излезев на теренот да играм“, кажа Адеми.
Адеми кажа дека посебно му е мило за капитенот Горан Пандев, кој имаше неверојатна кариера и ова му беше последна шанса да се пласира на Европско првенство.