Адеми „стисна заби“ и ќе биде стартер против Грузија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе се пресмета против Грузија во Тбилиси, а пред натпреварот пристигна информација дека повредениот Аријан Адеми ќе биде во почетниот состав на селекцијата.

Не беше сигурен настапот на Адеми поради повреда, поради што во репрезентацијата беше повикан Тотре, но сепак капитенот на Динамо Загреб ќе добие шанса во репрезентацијата.

Ова конечно е добра вест за Македонија, откако вчера дознавме дека останавме без Енис Барди поради повреда, како и без Кире Ристевски и Крсте Велкоски поради позитивни тестови на ковид-19.