Адеми во топ-25 најдобри фудбалери во Хрватска последните пет децении!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се најде во изборот на 25 најдобри фудбалери во последните 50 години кои играле во Хрватска, а анкетата беше направена во избор на „Вечерњи лист“.

Адеми беше номиниран меѓу најдобрите 50, но сепак на првото гласање се најде во топ-25, и тоа на четвртата позиција, а зад него се легенди како Звонимир Бобан, Марио Манџукиќ, Иван Ракитиќ…

Македонскиот фудбалер доби 5,62 отсто од гласовите, а пред него завршија Лука Модриќ со 52,4, Давор Шукер со 8,01 и Роберт Просинечки со 6,48 отсто.

„Самата номинација меѓу 50 најголеми играчи во Хрватска за мене претставува огромна чест. Фантастично е чуството да бидете во друштво на вакви големи имиња. Уште повеќе ми е драго што влегов и во топ 25“, кажа Адеми.