Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми наскоро би можел да се пресели во Шпанија, откако интерес за неговите услуги покажал тимот на Хуеска.
Шпанската екипа испратила понуда од три милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец, а Адеми треба да добие и многу поголема плата од таа во Динамо Загреб.
Засега не е познато дали Динамо е подготвен да се откаже од својот капитен, па останува да видиме дали Адеми конечно ќе го напушти тимот од Загреб бидејќи и претходно имаше понуди од големи тимови, но не прифати ниту една.
Да потсетиме, Адеми имаше одличен меч за Динамо против Флора во Лига Европа, кога постигна два гола и му обезбеди пласман во групната фаза на хрватскиот тим.