Адетокумбо за дебито на Лилард: Неверојатен е!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Демиен Лилард постигна 39 поени на своето деби за Милвоки бакс и беше најзаслужен за победата против Филаделфија од 118-117.

На паркетот му помагаше и главната ѕвезда на клубот, Јанис Адетокумбо кој е воодушевен од новиот соиграч.

„Лилард погодуваше кога беше најпотребно, беше агресивен и создаваше шанси. Тој беше неверојатен. Постигна најмногу поени во историјата на деби натпревар, а тоа доволно зборува за него“, вели Адетокумбо.